Search

Приказната за бабичката со цвеќиња ќе ви го стопи срцето

Приказната за бабичката со цвеќиња ќе ви го стопи срцето

Горјан Јовановски на фејсбук ја раскажа приказната за бабичката со цвеќиња која ни го стопи срцето:

“Јас сум тука синко од кога ги поставија темелите на Тинексов. Имам маж 24 години врзан за постела, ќерка ми почина пред 2 години и останаа двете внучиња со мене. За нив го правам ова секој ден, денар да однесам дома. Ништо лошо не направивме во животот, но само несреќа нѐ следи. Но цвеќињата ме радуваат, весели бои се, еве види ги овие, сабајле се берени, свежи!”

По овој муабет и по оваа приказна зарем има некоја друга причина која треба да биде доволна за утре или пак во деновите кои следат да поминете и да купиме цвеќе? Така ќе направиме две добри дела: некого ќе направите среќен со подарокот (цвеќето), а на оваа бабичка ќе и помогнете порано да замине дома и да не треба долго да седи и да мрзне на ладното есенско време.

Локацијата е Тинекс маркетот во населбата Карпош 3, по Лептокарија.

 

Треба да знаете
Последни објави