Search

Прием на годишни сметки во Централен регистар до 21 часот

Централниот регистар на Република Северна Македонија ги информира сите обврзници дека ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година на 26, 27 и 28 февруари и на 15 март од 08.00 до 21.00 часот.

Во овие денови, но со работно време од 08:00 до 16:00 часот, Централниот регистар на Р Северна Македонија овозможува прием на годишните сметки во хартиена форма за 2018 година за правните субјекти и во Кратово, во објектот на Општината, Демир Хисар, исто така,  во објектот на Општината и во Крушево во објектот на Уни банка. Во овие градови Централниот регистар нема свои канцеларии.

Од Централниот регистар Микро и мали субјекти кои нема да  достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15 март 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави