Search

Привршува уредувањето на пешачките патеки покрај улицата „Коста Новаковиќ“

Општина Аеродром деновиве ја привршува реконструкцијата на веќе постојните, како и изградбата на новите пешачки патеки во непосредна близина на улицата „Коста Новаковиќ“ во Стар Аеродром.

Станува збор за патеки што се наоѓаат меѓу зградите на улица „Коста Новаковиќ, со површина од      3500 квадратни метри, со павер-елементи во боја и со нови рабници.

Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и изградба на целосно нови пешачки патеки на ниво на целата територија.

Треба да знаете
Последни објави