Search

Привршува изградбата на објектот на Струмичкиот театар

До крајот на годинава се очекува да биде предаден во употреба новиот објект на Струмичкиот театар кој се обновува на местото каде што постоеше во минатото, информираше Ацо Манински, директор на НУ Завод и музеј Струмица.

-Деновиве се поставува нова водоводна линија, со која ќе се задоволат потребните количини вода за објектот, посебно за заштита со водените завеси во случај на пожар.  Деновиве треба да дојде клима-комората и ќе се монтира. Веќе е монтирана останатата опрема за климатизација, се затвора покривот и почнуваат финалните работи, додаде Манински.

Градежниот зафат за обнова на Струмичкиот театар на старата локација почна пред пет години, во септември 2014 година, и чини над 3,5 милиони евра.

Стариот театар во осумдесеттите години на минатиот век беше напуштен поради дотраеност, а во два пожара потоа објектот целосно беше уништен и долго време беше грдотија во центарот на градот.

Во 1982 година била одиграна последната претстава во стариот театар. Ансамблот на Народен театар „Антон Панов” буквално се селел како патувачки театар, а во 1986 година, кога беше отворен Домот на културата, струмичките актери добија привремен простор за сценските изведби.

Треба да знаете
Последни објави