Search

Приведен 23-годишен крадец од Скопје

Полициски службеници од Полициска станица Карпош вчера го лишиле од слобода С.Р. (23) од Скопје, постапувајќи по пријава на П.В. дека во близина на крстосницата на булевар „Партизански одреди” со „Московска” едно лице со закана од неговиот малолетен син одзело пари од неговата чанта.

Како што соопшти МВР, С.Р. е приведен во Полициска станица Карпош за натамошна постапка и кај него се пронајдени одземените парични средства. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави