Search

Приведен турски државјанин на „Деве Баир“ поради фалсификат зелен картон

На граничниот премин „Деве Баир“  кај Крива Паланка приведен е турски државјанин при обид за влез во земјава со фалсификат зелен картон за товарното возило кое го управувал.

Настанот се случил вчера во 13:30 часот на граничниот премин кога лицето О.Б.(49) од Р.Турција е приведено по контролата на докумнетите и откривањето дека зелената карта за товарно моторно возило „даф”, со турски национални ознаки, кое го управувал, била фалсификувана. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Палнка за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави