Search

Приведен тетовец, прoнајдено оружје кај него

На 19.07.2019 во 21 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица „Андреја Стојановиќ“  кај Р.Р.(63) од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „Глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција „Магнум 357“. Р.Р. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави