Search

Приведен сопственик на угостителски објект од Гостивар кој работел по дозволеното време

Сопственик на угостителски објект во Гостивар во близина на автопатот Гостивар-Тетово синоќа е приведен бидејќи објектот работел по дозволеното време и во него биле затекнати 12 гости.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 46-годишниот Р.Б. од Гостивар е задржан во полициска станица поради документирање на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Објектот е пломбиран од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Треба да знаете
Последни објави