Search

Приведен советник на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос

Советник на шефот на руската вселенска агенција Роскосмос е приведен од надлежните и е обвинет за државно предавство.

„Приведувањето на Иван Сафронов, поранешен новинар специјализиран за теми од одбраната, воено-индустрискиот комплекс и вселенската индустрија, не е поврзано со неговата работа како советник на генералниот директор Дмитриј Рогозин”, се наведува во соопштението на Роскосмос.

Сафронов работи во агенцијата како советник за медиуми од мај. Претходно, тој работеше како специјален дописник за весниците „Комерсант” и „Ведомости”. 

Треба да знаете
Последни објави