Search

Приведен разбојник, расчистени пет кривични дела

Полициски службеници во Полициска станица Карпош вчера лишиле од слобода 16-годишник, осомничен дека извршил повеќе разбојништва, тешка кражба, кражба на подрачјето на Скопје…

Како што денеска информираа од МВР, со лицето е извршен разговор, при што се расчистени вкупно пет кривични дела, и тоа разбојништво извршено на 27.11.2020 на ул.„Бахар Моис”, тешка кражба извршена на 09.07.2020 во приватна болница во Скопје, две кражби на предмети извршени на 21.10.2020 и на 07.09.2020 и одземање на моторно возило, извршено на 15.08.2020.

Во соопштението од МВР се наведува дека лицето е задржано во Полициска станица Карпош за документирање на настаните, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави