Search

Приведен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

На предлог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, вечерва е уапсен и изнесен пред суд на распит, по што судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе му биде определена мерка притвор, дознава „Макфакс“.

Притвор се бара поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.

Атанасовски на минатите рочишта од страна на обвинетите за 27 април беше директно посочуван како главен организатор на насилнот упад во Собранието, каде што физички беа нападнати пратениците од тогашната опозиција.

Според сведочењето на обвинетите Михаил и Стефан Младеновски, целта на упадот во Собранието била доколку биде избран нов претседател на парламентот, упадот да биде причина претседателот Иванов да прогласни вонредна состојба и да ги уапси пратениците од СДСМ.

Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина Сашо Мијалков. Тој во моментот е советник за безбедност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Треба да знаете
Последни објави