Search

Приведен кумановец со фалц документи

Tриесет и четиригодишен кумановец е приведен откако сакал да ја напушти земјава со фалц документи. Полицијата информира дека вчера во 16 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од земјава, при извршена пасошка контрола на Љ.С.(34) од Куманово било утврдено дека патната исправа била фалсификувана. Тој е приведен и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави