Search

Приведен криумчар на мигранти, превезувал девет лица од Сирија

Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија го лишила од слобода Р.А.(50) од Скопје. Лицето било забележано како во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти.

Како што соопшти МВР, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет лица мигранти од Сирија.

Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Треба да знаете
Последни објави