Search

Приведен крадец за издржување затворска казна

На 03.10.2023 во 14.15 часот на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(21) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави