Search

Приведен жител на Арачиново кој превезувал 15 мигранти од Бангладеш

Жител на скопско Арачиново на возраст од 21 година бил приведен во атарот на кумановското село Речица поради нелегален транспорт на мигранти.

Како што информираат од МВР, во утринските часови на 11. септември при полициска контрола на автомобил „рено еспејс“ со струмичка регистрација биле пронајдени 15 мигранти од Бангладеш.

Тие заедно со возачот од Арачиново биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави