Search

Приведено лице од Скопје по распишана централна потерница

На 31.01.2023 во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров и Одделението за криминалистички работи Центар Бит Пазар го лишиле од слобода лицето С.А.(42) од Скопје.
Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави