Search

Приведени шверцери, набавиле 317 кг сецкан тутун за да го продаваат на Бит Пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Р.М.(34), В.М.(32) и С.Д.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б, а во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Првопријавениот Р.М., од непознато лице набавил вкупно 317.75 килограми ситно сецкан тутун за пушење со намера да го продава на „Бит пазар“ во Скопје, при што избегнал и не платил акциза на која е обврзан со Закон за акцизите во вкупен износ од 428.962,50 денари и за истиот износ го оштетил буџетот на РС Македонија.

Р.М., заедно со В.М. и С.Д., на 06.03.2019 околу 19 часот го донеле тутунот во изнајмен магацински простор на улица Албер Станик, во близина на „Бит пазар“. Во моментот додека го внесувале тутунот во магацинот биле затекнати од „алфи“. Од извршениот преглед на возилото, сопственост на Р.М., биле пронајдени 80 кутии фино сецкан тутун од по 850 грама, а при извршениот претрес во магацинскиот простор биле пронајдени уште 286 кутии од по 850 грама фино сецкан тутун и 19 пластични кеси од по 350 гр. фино сецкан тутун.

Пријавените лица биле лишени од слобода, а тутунот и возилото биле одземени и врз основа на наредба од ОЈО Скопје биле предадени во Агенција за управување со одземен имот во Скопје.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави