Search

Приведени татко и син, полицијата пронашла марихуана, оружје и муниција во нивниот дом и возилото

Татко и син се приведени од страна на тетовската полиција.

Како што соопшти МВР, при преглед во куќа и патничко возилосо тетовски регистарски ознаки во нивна сопственост, биле пронајдени марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави