Search

Приведени петнаесетина лица, во одделни случаи, поради поседување марихуана

На 27.09.2020 во 00.40 часот од угостителски објект на ул.„А.Шурков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(26), С.Д.(45), И.К.(43), сите од Велес и В.Т.(31) од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.09.2020 во 15.00 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Б.(45) и К.Н.(20), двајцата од с.Катланово, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.09.2020 во 23.15 часот на ул.„Св.Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Д.(32) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.09.2020 во 23.45 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.И.(29), Л.С.(29) и Л.Д.(28), сите од с.Челопек, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.09.2020 во 23.00 часот во СВР Струмица биле лишени од слобода И.Л.Б.(19), Ј.К.(20), Ј.П.(26), Г.М.(22) и Ф.М.(22), сите од Струмица, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана, таблетки со виолетова боја и дробилки. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави