Search

Приведени петмина гостиварци, дилери на марихуана и кокаин

Полицијата приведе пет лица од Гостивар кај кои е пронајдена марихуана и кокаин.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар синоќа околу 22.45 часот лишиле пет лица од слобода и тоа И.Џ (21) и А.Џ (18) од Горна Бањица и Л.А (18)од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.

На 13.07.2019 во 3.10 часот, информираат од МВР, исто така лишени од слобода се 17 годишник од Гостивар и С.М (25) од Гостивар, кај кои е пронајден кокаин.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави