Search

Приведени осум дилери од Кавадарци, пронајдено кокаин, хашиш, марихуана

Приведени се осум дилери од Кавадарци, пронајдено е кокаин, хашиш, марихуана. Тони Ангеловски, портпарол во МВР информира дека оваа акција е во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Ангеловски рече денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, приведоа осуммина дилери и запленија хашиш, хероин, амфетамин. Околу  13:40 часот бил извршен претрес на домот и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци . – При претресот  покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при користење амфетамин, а биле пронајдени хашиш, амфетамин, шприц со канабисово масло и една воздушна пушка. Во 13.30 часот во Кавадарци при купопродажба на хероин затекнати и приведени се А.С. и К.Н. кој го купиле во близина на домот на П. М.. Потоа е извршен претрес во дом на П. М. и при претресот пронајден е хероин, пари, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материја. Извршен е претрес кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени хашиш и марихуана. Исто така, извршен е претрес во домот на Б. Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден кокаин, додава Ангеловски. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави