Search

Приведени дилери на марихуна во Радовиш и Злетово

Полицијата привела шестмина дилери на марихуана во Рдовиш и во Злетово, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 16 часот на регионален пат Радовиш- Плачковица при преглед на автомобил „ауди“ со струмички регистерски ознаки, како и во близина на возилото е пронајдена марихуана. Во автомобилот биле Ј.Р.(33) од село Василево, како и Б.М.(24), Ф.Д.(20), Б.Д.(27) и Р.И.(30), сите од Радовиш. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Штип, пак, поднесе кривична пријава против Д.Н.(22) од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, како и овозможување на употреба на наркотични дроги. На 15.02.2019 година во Штип полициски службеници извршиле претрес во стан во кој престојувал Д.Н. при што пронашле и одзеле марихуана. Притоа, во станот бил затекнат и Љ.В.(23) од село Прибачево, кочанско, на кого пријавениот му дал да конзумира марихуана.

Треба да знаете
Последни објави