Search

Приведени две лица од Косово за тешка кражба и нелегално минување граница

На 10.12.2019 во 01.45 часот пред спортски центар на ул.„Лондонска“, од страна на полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода Д.Н.(30) и Е.Н.(25), двајцата од Косово,  поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, незаконско преминување на државната граница и поради тоа што не носеле документи за идентификација. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци – Скопје за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави