Search

Приведени двајца тинејџери за обидот за киднапирање на ќерката на пратеникот

Две лица се приведени по претходно добиена пријава за киднапирањето на ќерката на пратеник на СДСМ.

– Констатирано е дека 18-годишниот M.Ѓ. и 18-годишниот И.Ј. со патничко возило „БМВ“, управувано од М.Ѓ. се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, велат од полицијата.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Како што претходно објави Сителм настанот се случил во средата во 11:45 во Кочани. Девојчето се враќало од училиште кога возилото ја пресретнало, а непознати лица со локален дијалект му наредиле на детето да влезе во автомобилот. Во тој момент дедото на малолетното девојче ги забележал па тие побегнале.

Треба да знаете
Последни објави