Search

Приведени двајца крадци од гостиварско

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар во селото Форино, гостиварско вчера ги привеле Љ.М.(21) и Х.М.(21), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение дека на поширокото гостиварско подрачје извршиле кривични дела тешки кражби и кражби.

Од МВР информираат дека тие се приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави