Search

Приватните пораки од мобилниот телефон на Трајко Вељаноски на судење за 27 април

Судењето за случајот 27 април денеска продолжува со прикажување на телефонски СМС и Вибер пораки од одземени и вештачени мобилни телефони меѓу кои се наоѓа и мобилниот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Поради технички проблеми судијката Добрила Кацарска даде 10 минутна пауза по што судењето ќе продолжи.

На минатите рочишта беа прикажувани снимки од упадот во Собранието.

На обвинителната клупа се пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, потоа ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски – Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. Обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Сите се товарат за кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Треба да знаете
Последни објави