Search

Приватниот авион на Меси принудно слетал на двапати на аеродромот во Брисел!

Приватниот авион вреден 13 милиони евра, на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, капитенот на шпанскиот првак Барселона, Лионел Меси, денеска бил принудно приземјен на аеродромот во Брисел, поради дефект.

Авионот утринава полетал кон Тенерифе на Канарските острови, но пилотите забележале мал дефект поради што морале непланирано да слетаат на аеродромот „Завентем“ утринава во девет часот. Еден и пол час подоцна, авионот повторно полетал, но по 45 минути повторно се вратил во Брисел, каде што очигледно ќе се задржи подолго. Во престолнината на Белгија пристигнал еден ден претходно и тоа од бразилскиот град Рецифе.

Засега нема информации дали Меси бил во авионот, кој може да прими 16 патници, а има и два тоалети и сопствена кујна.

Треба да знаете
Последни објави