Search

Прибор за јадење на Хитлер продаден за 14.000 долари

Приборот за јадење направен специјално за 50 роденден на нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер, продаден е на аукција за околу 14.000 евра.

 

Продадени се два ножа, три лажички и три виљушки украсени со нацистички орел и иницијалите на Хитлер.

Сребрениот прибор за јадење откриен е при празнењето на една куќа во Дорсет, кој му припаѓал на еден пензиониран воен офицер.

Претходно се очекуваше дека двата ножа, трите лажици и трите виљушки, направени специјално за Хитлер за лично користење во свечени прилики, ќе достигнат цена од 2.500 евра.

Од аукциската куќа велат дека овие предмети претставуваат „значаен дел“ од историјата.

Во Велика Британија не е забрането да се продаваат нацистички антиквитети, меѓутоа, во јавноста се дискутира за тоа колку е всушност етички такво нешто.

Членовите на британскиот парламент инсистираа на забрана на продажбата на овие предмети, а за малку и  една компанија ќе беше натерана да ја блокира продажбата на нацистички предмети на својата платформа.

„Направени се околу три илјади парчиња за 50 роденден на Хитлер. Ова е првиот сет на кој наидов во последните 30 години“, велат од аукциската куќа.

Хитлер беше нацистички лидер на Германија од 1933 до 1945 година.

Адолф Хитлер си го одзема животот на 56 години, на 30 април 1945, во бункер во Берлин, избегнувајќи го на тој начин апсењето од страна на Советскиот Сојуз.

Треба да знаете
Последни објави