Search

Префрлени 32 милиони денари кон банките за приговорите за домашната платежна картичка

Утрово по инициран налог од Генералниот секретаријат биле префрлени 32 милиони денари кон банките за прифатените приговори. Како што информираше министерката за финансии, Нина Ангеловска, во  текот на денешниот и утрешниот ден, банките ги стават на располагање на домашните платежни картички на граѓаните.

Од разгледаните 46.000 приговори, 9.200 беа прифатени од кои: 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и 2.700 вработени лица со низок доход.

Со денешната префрлена сума од прифатените приговори вкупно се исплатени 28.3 милиони евра.

Заклучно 25-ти јули беа издадени над 300.000 картички во износ од 26 милиони евра, од кои 20 милиони евра потрошени за купување домашни производи и услуги.

Со картичките се направени 1.5 милиони трансакции до 25-ти јули.

Треба да знаете
Последни објави