Search

Претставничкиот дом со гласање го спречи Трамп да почне војна со Иран

Претставничкиот дом на САД денеска гласаше со цел да го спречи претседателот Доналд Трамп да почне војна со Иран, освен во случај на самоодбрана.

Според најновата одредба, на Трамп му е потребно одобрување од законодавците во случај да планира да нареди воена акција против Иран.

Се уште не е познато дали конкретните санкции кон Иран ќе бидат вклучени во конечниот закон што се договара помеѓу Претставничкиот дом и Сенатот.

Трамп минатиот месец изјави дека и понатаму размислува за воена акција против Иран откако претходно ја отповика одлуката за напад поради соборување на американско беспилотно летало.

Треба да знаете
Последни објави