Search

Претставници на британската влада тврдат дека во Кина има повеќе заразени отколку што кажуваат

Претставници на британската влада тврдат дека Кина шири дезинформации за сериозноста на епидемијата на коронавирус во својата земја, јави „Мејл“, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Во извештајот на „Мејл“ се вели дека научниците го предупредиле Џонсон дека Кина може да го намали бројот на потврдени случаи за 15 до 40 пати. Кина изјавува дека има 81.439 заразени досега.

Официјалните лица исто така веруваат дека Кина се обидува да ја прошири својата економска моќ, нудејќи им помош на други земји кои се обидуваат да се борат против коронавирусот.

Весникот цитира тројца официјални претставници на Велика Британија, кои потврдија дека владата на Џонсон е бесна.

Еден рече дека после ова ќе се вратат на дипломатските разговори и оти ќе има преиспитување на односите.

Друг неименуван официјален претставник рече дека ќе мора да дојде до пресметка кога ќе заврши ова“, додека третиот рече дека самиот врв на владата е бесен.

Весникот додава дека владата на Џонсон е толку лута поради кинеското постапување со кризата што премиерот би можел да ја промени својата претходна одлука да кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеи“ развива 5G мрежа во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави