Search

Претставник на Вимблдон: Меган Маркл е вистински кошмар

Еден официјален претставник на Вимблдон ја нарече Меган Маркл „кошмар” поради нејзиното однесување кога неодамна го следеше тенискиот меч на нејзината пријателка Серена Вилијамс.

Војвотката од Сасекс присуствуваше на натпреварот на 4 јули, а сега се откриваат деталите од нејзината непланирана посета.

„Тоа беше вистински кошмар, таа е кошмар”, изјави неименуван официјален претставник на тенискиот турнир за британски „Тајмс“ и додаде:

„Сакаше да дојде незабележано, но имаше проблем. Тие не можеа да ја поканат во кралската ложа бидејќи носеше фармерки, но тоа не беше важно бидејќи дојде за да ја гледа Серена. Следниот натпревар на теренот број 1 го играше Енди Мареј и е голем скандал да не се гледа британскиот тенисер кога сте член на кралското семејство“, објаснува официјалниот претставник на турнирот.

Ова не е првпат Меган Маркл да биде обвинета за несоодветно однесување и испади. Таа предизвика вистински раздор во кралското семејство, поточно меѓу вработените во палатата.

Треба да знаете
Последни објави