Search

Претставен „Прирачник за парламентарни избори во Република Северна Македонија 2020″

Прирачник со информации за изборниот систем и кандидатите за претстојните парламентарни избори во Република Северна Македонија 2020 година претставија Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје.

Прирачникот дава преглед за парламентарните избори 2020 година, како и за историјата на парламентарните избори во земјата, изборниот систем и информации за кандидатите.

Ваква публикација Институтот за демократија и Фондацијата Конрад Аденауер изработуваат секоја изборна година, традиционално од 2013 година.

Прирачникот може да се преземе бесплатно на следниве линкови:

Македонска верзија на прирачникот
Албанска верзија на прирачникот
Англиска верзија на прирачникот 

По завршувањето на изборите, од ИДСЦС најавуваат второ, финално, издание на прирачникот во кое ќе бидат вклучени резултатите и информациите за кампањата и изборниот процес.

Треба да знаете
Последни објави