Search

Претседателот на републичката комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со претставници од здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев заедно со Иванка Василевска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Синиша Стојаноски, Претседател на републичката комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со претставници од здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“, предводени од претседателот на здружението Александар Петковски кој е и претседавач на управниот одбор на ICOSEP(International Coalition for Organizations Supporting Endocrine Patients).

На средбата беше дискутирано за проблемите  со кои се соочуваат лицата со вакви заболувања. Еден од главните проблеми кои тие го посочија беше дека на годишно ниво се обезбедуваат само 100 терапии за деца со ендокринолошки заболувања.

Тие нагласија дека состојбата на лицата со вакви заболувања е загрижувачка од аспект на тоа што во Република Македонија има само 4 ендокринолози  и тоа сите се во Скопје што претставува проблем за граѓаните од другите населени места.

На средбата беше констатирано дека претставниците од здружението бараат лековите за лицата со вакви заболувања да се стават на позитивна листа, да се воведе Регистар на корисници и Фондот за здравство да ги покрива лековите за возрасни лица кои имаат потреба од ваков тип на терапија.

Доаѓаат подобри времиња за сите граѓани во државата. По победата на 12 април ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи да лицата со ендокринолошки заболувања ја добијат целосната грижа од страна на државата.

Треба да знаете
Последни објави