Search

Претседателски избори во Тунис, води независниот кандидат Каис Сајед

Според првичните неофицијални резултати, независниот кандидат Каис Сајед победи во првиот круг од претседателските избори во Тунис, додека на второто место се најде Набил Каруји, кој е во затвор.Премиерот Јусуф Чахед не е меѓу првите четворица кандидати според освоените гласови.

Според податоците кои ги објави „Сигма“,Сајед освоил 19,5 ,а Каруји 15,5, отсто од гласовите. На третото место е кандидатот на умерената исламска партија Енада, Абделфатех Муру, кој освоил 11 отсто од гласовите.Официјалните резултати се очекуваат утре.

Треба да знаете
Последни објави