Search

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на свеченото отворање нафестивалот „Охридско лето”

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, вечерва, 12 јули 2019 година, петок, ќе се обрати на свеченото отворање на 59-то издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето”, што ќе се одржи во Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот. На отворањето на фестивалот ќе настапи британската виолинистка Ванеса Меј, придружувана од оркестарот на Националната филхармонија и вокалните солисти од Националната опера и балет на Република Северна Македонија, а под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Манифестацијата „Охридско лето” се одржува под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави