Search

Претседателот Пендаровски на средби со Ручи и Велиај

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ќе се сретне и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

Претседателот Пендаровски исто така ќе оствари среба и со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој ќе му предаде клуч од Тирана

Претходно, Пендаровски оствари средба со албанскиот претседател Илир Мета. Пендаровски и Мета на заедничката прес-конференција потенцираа дека Севрна МАкедонија и Албанија немаат алтернатива за членството  во Европска Унија, како и дека безбедноста на Западен Балкан значи безбедност на Европа, јави специјалниот известувач на МИА од Тирана.

Пендаровски на средбата со Мета предложи земјите од Западен Балкан да одржат Самит на кој ќе се дискутира за проширувањето, добрососедските односи, и при тоа да се отфрлат идеите за алтернативи за проширувањеро.

Претседателот Пендаровски предложи и иницијатива за формирање на неформална група за македонско-албанско  пријателство, кое покрај зајакнување на врските помеѓу политичарите и бизнисмените, соработката да биде фокусирана на младите.

Треба да знаете
Последни објави