Search

Претседателот Пендаровски и украинската амбасадорка Задорожњук разменија мислења за актуелните состојби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими Наталија Задорожњук, амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави, како и за можностите за нивно унапредување во сите сфери од взаемен интерес, особено во економската сфера, културата, образованието и науката, здравството.

Односите меѓу Северна Македонија и Украина се темелат врз доверба, меѓусебно разбирање и поддршка, а двете држави споделуваат исти вредности и имаат еднакви определби, членство во ЕУ и во НАТО. Претседателот Пендаровски го истакна интересот и подготвеноста на Република Северна Македонија за интензивирање и унапредување на севкупните односи со Украина.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните состојби во двете земји, случувањата на регионално и глобално ниво, како и за клучните предизвици со кои земјите се соочуваат во надминувањето на актуелните состојби.

 

Треба да знаете
Последни објави