Search

Претседателот Пендаровски го честита празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Ваше Блаженство,

Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Свети Климент Охридски.

Денот на патронот на Mакедонската православна црква има неизмерно духовно, културно и општествено значење. Чествувањето на Св. Климент Охридски како основоположник на Oхридската книжевна школа нема само национално значење. Неговото и делото на неговите учители, светите браќа Кирил и Методиј, ги надминува локалните и регионалните рамки и е од значење за севкупната европска култура. Затоа да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото на Св. Климент Охридски, водени од неговиот хуманизам, трудољубивост и чесност.

Ви посакувам празникот да го поминете во мир и радост, исполнети со пастирска љубов и грижа за сите верници.  Нека ни е честит празникот и за многу години.

Треба да знаете
Последни објави