Search

Претседателот на Француската рагби федерација притворен во Париз

Претседателот на Француската рагби федерација, Бернар Лапорт, бизнисменот Мохед Алтрад, сопственик на рагби клубот Монпелје и уште три лица беа ставени во полициски притвор во Париз, соопшти Националното финансиско обвинителство (ПНФ), јави дописникот на МИА.

Во оваа прелиминарна истрага која се однесува особено на сомневањата за фаворизирање помеѓу Лапорт и Алтрад отворени од ПНФ во 2017 година, уште три лица се приведени во полиција во вторникот наутро во просториите на Бригадата за репресија на економскиот криминал потврди ПНФ. Тоа се Серж Симон, потпретседател на ФФР, Николас Хурке, одговорен за меѓународните односи на ФФР и Клод Ачер, генерален директор на организацискиот комитет за Светскиот куп во рагби 2023 година, закажан за во Франција.

Блиските на Бернард Лапорт длабоко жалат за она што тој го опишува како „медиумска одмазда”.

-Нема ништо ново во досието веќе две и пол години. Оваа медиумска експлозија е трик, манипулација, десет дена пред изборите за претседател на ФФР. За жалење е што правниот систем е толку сензационалистички. Бернар Лапорт е осуден во медиумите и покрај тоа што нема ништо ново. Срамота е – велат од неговото опкружување.

Бернар Лапорт беше министер за спорт за време на претседателот Никола Саркози. Инаку рагбито е втор спорт по популарност во Франција, веднаш пред ракометот и веднаш зад фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави