Search

Претседателот на Украина оздраве од коронавирусот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека оздравел од коронавирусот и ги повика своите сонародници да носат маски и да ја почитуваат физичката дистанца затоа што пандемијата силно се шири во таа земја.

„Конечно имам негативен резултат“, објави Зеленски на „Фејсбук“ две недели откако го доби првиот позитивен тест.

Насмеаниот Зеленски (42) преку видео објави дека се враќа во канцеларијата.

Шефот на украинската држава рече дека имал само благи симптоми, а по самоизолацијата поминал извесно време во државна клиника.

„Мораме да се заштитиме што е можно повеќе со носење медицински маски, одржување физичка дистанца, земање витамини и изолација на пациентите“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави