Search

Претседателот на ПСЖ: Мбапе и Нејмар остануваат, имаме пари за нови

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи ги негираше гласините дека клубот може да ги продаде Килијан Мабе или Нејмар. Шпекулациите за можна акција од страна на парижаните се поврзани со ограничувањата на УЕФА за повреди на финансискиот фер-плеј.

„Не е сто проценти, туку е 2.000% сигурно дека нема да ги продаваме Нејмар и Мбапе. Тие ќе останат во Париз. Многу медиуми, особено во Франција, велат дека ќе бидеме принудени да ги продаваме ѕвездите. Сакам цврсто да кажам дека тие ќе останат со нас и ќе можеме да привлечеме играчи кои се во рамките на финансиската фер-плеј. Имаме средства да го сториме тоа, рече Ал-Хелаифи.

Сопственикот на тимот од Париз ги негираше и гласините дека спортскиот директор Антеиро Енрике може да ја напушти функцијата. Арсен Венгер е поврзан со неговото место.

– Антеро ја врши својата работа многу добро, тој ќе продолжи да работи со нас и ќе остане на функцијата, рече Катарецот.

Треба да знаете
Последни објави