Search

Претседателот на Мозамбик стравува дека во циклонот Идаи можеби загинале илјада луѓе

Бројот на загинати во Мозамбик по циклонот Идаи кој го разурна регионот изминатиот викенд, може да достигне до илјада лица, изјави денеска претседателот на земјата Филипе Нијуси.

По посетата на регионот кој беше погоден од невремето, тој изјави дека досега се потврдени 84 смртни случаи, но информациите од спасувачите и штетите кои се гледаат од воздух го навеле да стравува дека можеби загинале до илјада луѓе.

Бурата која достигна четврта категорија, пристигна во петокот и во централниот дел на Мозамбик ветровите достигнаа до 160 километри на час, пред да почне да слабее и да тргне кон Зимбабве.

Заменик-министерот за информации на Зимбабве Енерџи Мутоди денеска изјави дека во неговата земја загинале 89 лица, што е двојно повеќе од она што беше соопштено за време на викендот. ј

Треба да знаете
Последни објави