Search

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Д-р Марјан Кицев со честитка по повод 12’ август Меѓународниот ден на младите !!

Почитувани членови на Секцијата на Млади при Македонскиот полициски синдикат,

ми преставува особена чест да во името на раководството на Македонскиот полициски синдикат и во мое лично име Ви го честитам 12’ти август Меѓународниот ден на младите.

Најнапред сакам да Ви се заблагодарам за Вашиот ангажман несебично залагање и посветеност за решавање на проблемите и сите останати прашања кои ги тиштат  членовите на Секцијата на млади при Македонскиот полициски синдикат.

Особено се горедеам дека сум претседател на синдикат кој за жал е еден од ретките синдикати во земјава кои ги  отворија ширум вратите за своите млади членови преку Секцијата на млади, синдикат во кој преставници на  младите се активни  членови во највисоките органи и тела на синдикатиот каде рано до рамо со возрасните,  рамноправно учествуваат и ги носат сите важни одлуки на полето за  подобрување на економско социјалниот статус и правата од работен однос на вработените во МВР, АР,АНБ и УФП.

Сакам да Ви  порачам и во иднина интезивно да продолжите со Вашите активности,   да бидате проактивни со Вашите барања,предлози и заклучоци, и да тежнеете за нивно исполнување зашто само Вие младите знаате што е најдобро за Вас.

Истовремено очекувам да  бидете коректори и  гласни критичари на нашата работа, будна авангарда и предводници на младите членови на Македонскиот полициски синдикат.

Честит нека е Меѓународниот ден на младите -, се вели во честитката на Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев по повод Меѓународниот ден на младите

Треба да знаете
Последни објави