Search

Претседателот на кипарскиот Парламент поднесе оставка

Претседателот на кипарскиот Парламент, Деметрис Силурис денеска поднесе оставка по скандалот со продажбата на пасоши на странски инвеститори, што ги посрамоти властите во земјата-членка на ЕУ.

Силорис е втор највисок државен функционер во Кипар и беше вршител на должноста претседател во отсуство на претседателот Никос Анастасијадис.

Кипар ја откажа профитабилната програма за доделување државјанство на богати странски инвеститори пред два дена, по обвинувањата дека висок владин функционер и поранешен пратеник учествувале во обид да се заобиколат строгите правила и да се издаде пасош на имагинарен инвеститор за кој се верува дека има криминално досие.

Портпаролот на кипарската влада Кирјакос Кусиос изјави дека Кабинетот на премиерот ја прифатил препораката на министрите за внатрешни работи и финансии за укинување на „златниот пасош”, кој на земјата и донесе милијарди евра во претходните години.

Кусиос рече дека одлуката, што ќе стапи во сила на 1 ноември, се заснова на „долгогодишните слабости на Кипар во програмата за инвестиции, но и на злоупотребата на нејзините одредби”.

Треба да знаете
Последни објави