Search

Претседателот на Иран во прва официјална посета на Ирак

Иранскиот претседател Хасан Рохани ќе го посети Ирак првпат oткако стапи на функција  во 2013 година. Тој го опиша односот меѓу двете земји како „посебен”. Рохани ќе се сретне со претседателот Бахрам Салих, примиерот Адел Абдел Махди и шиитскиот лидер ајатолахот Али Систани.

Неговата тридневна посета на соседен Ирак се спротивставува на барањата на Вашингтон кон  Багдад. По напуштањето на САД  од договорот за нуклеарната програма на Иран и санкциите наметнати на земјата, Вашингтон сакаше Ирак да го разграничи од источниот сосед.

– Односите Иран-Ирак немаат ништо заедничко со односите со агресор како Америка, рече Рохани. Целиот регион ја презира Америка. Бомбите што Американците ги пуштаа над Ирачаните и Сиријците нема да бидат заборавени, рече Рохани.

Тој додаде дека се заинтересирани за проширување на односите со Ирак, особено за соработка во транспортот …  – Имаме важни проекти за кои ќе разговараме за време на посетата,  истакна Рохани.

Односите меѓу Иран и Ирак беа комплицирани во текот на годините. Државите водеа војна што траеше од 1980 до 1988 година. Влијанието на Иран во регионот значително се зголеми, откако САД го соборија од власт Садам Хусеин во 2003 година.

Треба да знаете
Последни објави