Search

Претседателот на Замбија помилува геј двојка

Претседателот на Замбија, Едгар Лунгу помилува геј двојка, кои беа осудени во ноември минатата година на 15 години затвор, според колонијалниот закон.

Џафет Катабу (39) и Стивен Самбу(31), беа помилувани заедно со околу 3.000 затвореници, по повод одбележувањето на Денот на ослободување на Африка

Судијата на Врховниот суд во Лусака ја осуди геј двојката на 15 години затвор во согласност со законите со кои се забранува сексуален однос „спротивен на природата”.

Треба да знаете
Последни објави