Search

Претседателот Заев на трибина на Форум на жени на СДСМ: Ја добивме честа заедно да ја водиме Прогресивната алијанса, тоа е огромен успех, тоа носи еднаквоста

Горд што сум денеска сум опркужен со силни, независни и храбри жени, затоа што вие ми ја давате силата, порача претседателот Зоран Заев на трибината на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста”.

-Вчера заедно со заменик претседателката Шекеринска се вративме од Шведка каде постигнавме голем заеднички успех. СДСМ стана дел од лидерството на влијателното меѓународно движење Прогресивна алијанса. Јас и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска сме избрани во Бордот на Прогресивна Алијанса, највисокото тело што ги дава политичките насоки и решава за најважните организациски и политичи прашања. Еднаквоста носи успеси секаде. Тоа е голем, заеднички успех и ќе продолжиме по патот на успехот, порача Заев.

Треба да знаете
Последни објави