Search

Претседателот Заев на Сител: Избори треба да се одржат во првиот можен момент, сега, кога излегуваме од здравствената криза

Избори треба да се одржат во првиот можен момент, сега кога, како што препорачуваат здравствените власти, излегуваме од кризата, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во разговор за Сител телевизија.

Тој додаде дека изборите треба да се одржат во првиот можен момент, бидејќи во лето ќе се отворат границите, а наесен ќе работат училиштата, колективните објекти и тогаш, ризикот од зараза е многу поголем.

Во врска со датумот за одржување на изборите, претседателот Заев изрази очекување дека ќе биде постигнат консензус со опозицијата.

– Нема ултиматуми за датумот на изборите, треба да се оди на избори во првиот пригоден момнет. Да бидеме разумни и одговорни, треба да научиме да живееме со кризата, додека не се најде вакцина и треба да бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите како парламентот, политичката Влада сите тие институции кои им се потребни на среден и на долг рок на граѓаните и на економијата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Треба да знаете
Последни објави