Search

Претседателката на Швајцарија ги покани сите нејзини врсници на својот 60. роденден

Швајцарската претседателка Симонета Сомаруга објави дека својот 60-ти роденден сака да го прослави во друштво на Швајцарци кои ѝ се врсници.

Свеченоста ќе се одржи близу градот Берн, на 14 мај годинава.

– Се радувам на вашето присуство на мојата роденденска прослава, напиша Сомаруга на Твитер.

Социјалистката својот втор претседателски мандат го почна ветувајќи поблиски врски со граѓаните. Новогодишната честитка ја испрати од пекарата во своето маало каде што живее.

Бројот на гости е ограничен. Кандидатите ќе треба да пополнат образец и да приложат копија или фотографија од лична карта или пасош.

Според Сојузниот статистички завод, во Швајцарија во мај 1960 година се родени 8.492 лица. На 14 мај 1960 се родени околу 290 Швајцарци.

Треба да знаете
Последни објави